ШАРЕНО И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА, ПРОТЕСТОТ ЗАВРШИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШАРЕНО И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА, ПРОТЕСТОТ ЗАВРШИ

    Антивладините демонстранти ја обоија шарено и зградата на Министерстовто за економија. На влезот на Министерството, пред кордонот полицајци напишаа „Шарена револуција“. Тука организаторите имаа говори за вработувањата, за напуштањето на земјата, за решеноста револицијата да не сопре и со традиционалниот поздрав „Нема правда, нема мир“ го завршија протестот.
    Претходно со балони и пушки демонстантите од Шарената револуција обоија фасадата на Агенцијата за вработување. Се скандираше „Слобода“, „Нема правда нема мир“ и „Лопови“, а шарени пораки се оставаа на асфалтот секаде каде што минуваа демонстрантите.
    Шарената револуција денес ја предводеа демонстранти со транспарент „Младите си отидоа, партијата се вработи“.
    Во договореното време, 18 часот, тие се собраа пред Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и си поделија банкноти- руски рубљи со ликот на колумнистката Мирка Велиновска која демонстрантите ги нарекува странски платеници.
    Антивладините демнстранти вечерва протестираат против социјалната неправда и лошите политики за вработување, против продавњето на работничките како робје во текстилната и кожната индустрија со најниска минимална плата. Вечерва демонстрантите потсетуваат на лошите политики за врботување, кои, според организаторите, избркале 600.000 граѓани, а најмногу младите од оваа земја. 
    „Транзицијата ја осиромаши Македонија, а оваа власт ја дозакопа! Режимот веќе предолго ги држи нашите сограѓанки и сограѓани како сопствени заложници за сопствените потреби: да гласаат, да прават списоци, да одат на контра-протести, да чистат споменици и мора тоа да го прават за да не ја изгубат и така недоволната плата. Но, ние веќе не се плашиме. Се исправаме против овај режим кој ја создаде најдлабоката нееднаквост во регионот, протестираме и се спротивставуваме за да не дозволиме уште еднаш да се повтори вакво владеење„, велат организаторите.
    Тие најавуваат дека ќе протестираат до денот кога ќе има правда и ќе има мир.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари