СИТУАЦИЈАТА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ СЕ СМИРУВА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:141:"Неофицијално,еднолицееприведено,алесносеповредениинеколкуполицајци

    СИТУАЦИЈАТА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ СЕ СМИРУВА

    Ситуацијата се смирува пред зградата на Владата каде што вечерва се собраа демонстрантите што протестираат против аболицијата што ја потпиша претседателот Ѓорге Иванов,  јавуваат репортерите на СДК.МК. Неколку стотини граѓани мирно и со свирежи протестираат и го блокираат сообраќајот, но нема близок контакт со полицијата.

    И вечерва се случија инциденти кога дел од демонстрантите се судрија со полицијата во  близина на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и тргнаа кон зградата на Владата. Со извиците „Браните убијци!“ дел од протестантите фрлаа со камења кон полицајците.

    Неофицијално, едно лице е приведено, а лесно се повредени и неколку полицајци.

    Протестот почна мирно пред Собранието, но потоа дојдоа студентите кои во знак на протест за нивните приведени колеги ја поведоа масата кон плоштадот ВМРО. Некој запали слика на Никола Груевски и така почна еуфоријата.

    Во исто време трае и контрапротестот на приврзаниците на власта, кои пристигнаа со автобуси од различни делови на Македонија во близина на зградата на Црвениот крст и се упатија кон седиштето на СДСМ. Тие извикуваат „ВМРО!“

    Организатор на овој протест е Граѓанското движење за обнова на Македонија (ГДОМ).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари