СЈО ЌЕ БАРА ИЗЗЕМАЊЕ НА „СВАРОВСКИ СУДИЈКАТА“

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    СЈО ЌЕ БАРА ИЗЗЕМАЊЕ НА „СВАРОВСКИ СУДИЈКАТА“

    Специјалното јавно обвинителство повторно ќе ги достави доказите до Основниот суд Скопје 1 кои денеска им беа вратени и ќе побараат и изземање на судијата кому му е доделен предметот, јави агенцијата Мета.

    Во соопштението од СЈО се објаснува дека „во конкретниот случај не е барана декласификација на доказите поради фактот што со декласификација предложените докази би добиле третман на информација до која се има слободен пристап, со оглед дека се работи за докази кои се поврзани со внатрешната организација и правилата на работење на Управата за безбедност и контраразузнавање и Министерството за внатрешни работи, со актот на декласификација би можеле да настанат штетни последици“, пишува во соопштението на СЈО.

    Од СЈО информираат дека во текот на денешниот ден од претседателот на Основниот суд Скопје 1  Скопје е побарана информација кои судии се определени да работат на обвиненијата од СЈО.

    „Побаравме официјални податоци кои судии се определени да постапуваат во судските предмети оформени по повод поднесените обвинителни предлози на ова Јавно обвинителство, бидејќи не бевме официјално информирани кои судии постапуваат по овие обвинителни предлози. Сепак, со оглед на фактот што од дописот доставен до ова Јавно обвинителство со кој се вратени доказите произлегува името на судијата кој постапува по предметот, Ве известуваме дека во текот на утрешниот ден ќе биде поднесено и барање за изземање на судијата од постапување по конкретниот предмет“, наведено е во соопштението на СЈО.

    Како што информираа пред некој ден од судот, двата обвинителни акти поднесени од СЈО им се доделени на судијките Татјана Михајловска и Лидија Петрова. Неофицијално, случајот со насилството треба да го работи судијката Петрова која во „бомбите“ на опозицијата беше спомната како „сваровски судијката“.

    Основен суд Скопје 1 денеска информираше дека судијата ги вратил доставените докази против Г.Г. и други лица осомничени за кривично дело фалсификување на службена исправа, поднесени од Специјално јавно обвинителство.

    „Во прилог на доставениот обвинителен предлог против осомничените лица, доставена е и листа на докази и попис на списи со приемница, меѓутоа од содржината на пописот не произлегува дека е доставен акт за декласификација на доказите за потребите на судската постапка, врз основа на кој класифицираните докази може да се користат во постапката, односно да може да се оцени основаноста на обвинението, со оглед на тоа што без ваков акт, истите не може да бидат користени од страна на судската служба, за оформување на списите на предметот“, информираат од судот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира