СЈО ПОБАРАЛО ТРЕТО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА КУЌНИОТ ПРИТВОР ЗА ТАЛЕСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Битола,(Мета)

    СЈО ПОБАРАЛО ТРЕТО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА КУЌНИОТ ПРИТВОР ЗА ТАЛЕСКИ

    Специјалното јавно обвинителство во петокот до Основниот суд Скопје 1 доставило предлог за продолжување на домашниот притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески, потврди обвинителката Ленче Ристовска од СЈО за „Мета“.

    „До Основен суд Скопје 1 во петокот поднесен е предлог за продолжување на мерката куќен притвор за битолскиот градоначалник Владимир Талески. Сега чекаме да видиме што ќе одлучи судот“, вели Ристовска.

    Ова е трето барање на СЈО за продолжување на притворот на Талески, кој му истекува денеска. На битолскиот градоначалник му беше одреден куќен притвор на 16 јуни, а потоа му беше продолжен на 21 јули по барање на СЈО.

    Талески е првоосомничен во случајот „Транспортер“, во кој СЈО го товари за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, тешки 360.000 евра.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира