СКОПЈАНИ ПАК СО ДВЕ ПРОСЛАВИ ЗА НОВА ГОДИНА, ПРОВЛАДИНА И ОПОЗИЦИСКА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СКОПЈАНИ ПАК СО ДВЕ ПРОСЛАВИ ЗА НОВА ГОДИНА, ПРОВЛАДИНА И ОПОЗИЦИСКА

    Четврта година по ред скопјани ќе бидат поделени за новогодишниот дочек на поддржувачи на владејачката партија и поддржувачи на опозицијата.

    Единствениот градоначалник од опозицијата во Скопје, градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски организира новогодишна прослава која вообичаено ја преполовува публиката која за пречек доаѓа на плоштадот Македонија каде забавата ја организира градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

    Ниту едниот, ниту другиот не кажуваат колку ќе чини организацијата на прославите заедно со хонорарите на пејачите и придружните групи.

    Годинава оние на кои не им е битна политичката ориентација на организаторите на пречекот, ќе можат да бираат дали Новата 2017 година да ја пречекаат со Каролина Гочева, Миле Кузмановски, Адријан Гаџа и Слаткар на Плоштад Македонија или со Јура Стублиќ и „Филм“, „Забрането пушење“ и македонските хип хоп пионери С.А.Ф. на Сквер Јадран.

    На Плоштад Македонија забавата ќе почне во 19:30 часот а на Сквер Јадран рок журката ќе почне во 22 часот.

    За пречекот на Плоштад градот Скопје ќе потроши 2 милиони денари. Новогодишната ноќ, заедно со хонорарите за пејачите ќе чини многу повеќе, но градоначалникот Коце Трајановски не ја кажа точната сума оти останатиот дел од парите се подарок од Македонски Телеком кој десетта година по ред ја орагнизира новгодишната прослава и од Пивара Скопје.

    Градоначалникот Жерновски не даде отчет колку Општина Центар ќе потроши за хонорари за гостите од Хрватска ниту пак за домашните хипхопери.

    Партијата Левица на својата веб страница вчера креираше онлајн петиција со која се бара парите за новогодините прослави да се пренасочат за помош на социјално загрозените граѓани, а да има само симболично одбележување на Нова Година.

    „Неприфатливо е да имаме така неодговорно трошење на народните пари во услови кога 460.000 луѓе се под прагот на сиромаштија, а 180.000 луѓе се во апсолутна сиромаштија. Во некои градови од соседството веќе има иницијативи од граѓаните за пренасочување на средствата од новогодишните прослави за помош на деца на кои им е потребно лекување. Ете уште еден можен начин за рационално користење на народните пари, земајќи во предвид дека пред извесно време беа скратени средствата  за лекување на болните од ретки болести“, велат од Левица.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира