СЛЕДУВА ПРАВЕН ХАОС И КОМПЛЕТНА БЛОКАДА БЕЗ СОБРАНИЕ И БЕЗ ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"СКОПЈЕ,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЛЕДУВА ПРАВЕН ХАОС И КОМПЛЕТНА БЛОКАДА БЕЗ СОБРАНИЕ И БЕЗ ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

    Македонија е без претседател на Собрание, без легитимна влада, а од 20 март, кога е последен рок за распишување на локалните избори, ќе биде и без функционална локална самоуправа. Во моментов, единствена легитимна институција е претседателот Ѓорге Иванов. Но, според Уставот, во случај на спреченост претседателот на Републиката да ја врши функцијата, него го заменува претседателот на Собранието. Бидејќи нема претседател на Собранието, Иванов практично нема замена ако се случат одредени околности што ги предвидел Уставот, како што се смрт, оставка, трајна спреченост да ја врши функцијата или престанок на мандатот по сила на Уставот.

    Без функционално Собрание и со истечен мандат на градоначалниците и на советниците во локалните самоуправи на Македонија и се заканува целосно блокирање на политичкиот систем, затоа што граѓаните да нема да можат да ги задоволат секојдневните потреби што ги имаат во институциите на државата.

    На 20 март истекува мандатот на градоначалниците. Тие ќе треба да именуваат лице во општината, службеник на кој ќе му пренесат дел од своите надлежности. Ова е директно кршење на правата на граѓаните затоа што тие своите права најмногу ги осваруваат преку органите на локалната самоуправа.  Општните ќе живуркаат затоа што ќе имаат само редовни активности, без можност за инвестиции, без право да се носат детални урбанистички планови и без други локални активност кои се животно значење за граѓаните.

    Најстрашната последица од нефункционалното Собрание е што практично Владата на Емил Димитриев е оставена да владее без контрола – без комисиски расправи, без анкетни комисии, без пратенички прашања до министрите. Настрана што Владата не престанува да се задолжува и никој ниту ја контролира зошто ги троши парите, ниту пак министрите објаснуваат како ги трошат буџетските пари.

    Со  нефункционалното Собрание блокирани се и носењето на реформските закони, (таканаречените закони со европско знаменце), како и ратификување на меѓународни спогодби  и резолуции кои се важни за исполнување на реформите потребни за влез во ЕУ и НАТО.

    • Се блокира целокупната хармонизација на нашето законодавство со законодавството на ЕУ, кај што имаме преземено обврски да хармонизираме низа закони.
    • Нема ратификација на многу меѓународни спогодби и резолуции кои Собранието треба да ги потврди.
    • Нема да се усвојат низа извештаи од независните регулаторни тела
    • Работните тела на Парламентот не работат, а има многу автентични толкувања на закони, кои едноставно стојат а тие се битни за секојдневниот живот на граѓаните.
    • Блокирана е и смената на амбасадори, бидејќи тие мора да ги бранат тезите пред Собраниската комисија за надворешна политика.

    Ниту од СДСМ, ниту од ДУИ нема најава на кој начин мислат да ја одблокираат работата барем на Собранието.

    Во меѓувреме, траат протестите иницирани од повикот на Никола Груевски дека државата е нападната и народот треба да ја одбрани, на кои организаторите најавуваат дека нема да дозволат да се состане Собранието за да избере влада, без мандат од претседателот.

    На протестите на „За заедничка Македонија“ минатата недела учесниците порачаа дека тие се ограда пред Собранието, без да прецизираат што им значи тоа. На социјалните мрежи се појавија пораки од видни претставници на ВМРО-ДПМНЕ дека ако пратениците од мнозинството влезат во парламентот ќе почувствуваат „како мириса барутот“.

    Ни претседателот Ѓорге Иванов по одбувањето да го даде мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски не успеа да го искористи мандатот и да состави влада, нема понудено решение за излез од кризата.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира