СОБА СО ПОГЛЕД НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СОБА СО ПОГЛЕД НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

    Од прозорците на хотелот на Плоштадот Македонија во Скопје, најубаво се гледаше вечерашниот протест на Шарената револуција. Плоштадот вечерва беше обоен во крваво црвена боја во знак на сеќавање на убиството на Мартин Нешковски, симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ кој пред пет години токму на тоа место беше крвнички претепан од полицијата за време на прославата на изборната победа на неговата партија.

    Фото: СДК.МК

    Фото: СДК.МК

    Шарените револуционери го обоија цел плоштад во црвена боја откако пред тоа со боја ја гаѓаа и Владата. Црвена беше и водата во фонтаната на Александар Македонски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари