СОБРАНИЕТО ЌЕ РАБОТИ И ПО 18 ЧАСОТ, ВМРО-ДПМНЕ СПРЕМА НОВА СТРАТЕГИЈА ЗА СПАС  НА ЗВРЛЕВСКИ

    СОБРАНИЕТО ЌЕ РАБОТИ И ПО 18 ЧАСОТ, ВМРО-ДПМНЕ СПРЕМА НОВА СТРАТЕГИЈА ЗА СПАС  НА ЗВРЛЕВСКИ“Немам право да мислам и да ви се мешам во мислите“, одговори претседателот Џафери на барањата на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека треба да се размисли да се прекине расправата за разрешувањето на Зврлевски.- (Фото: СДК.МК)

    Координаторот на првата пратеничка група Илија Димовски побара пауза за да ја разгледаат одлуката на претседателот Талат Џафери Собранието да работи и после 18 часот.

    “Сега ја добивме одлуката за продолжување на работата на Собранието после 18 часот. Барам пауза за да се спремиме за дискусија“ рече Илија Димовски.

    Пред да одат на пауза пратениците од  ВМРО-ДПМНЕ распоредени во десет пратенички групи, продолжија со блокирање на расправата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски, со бесконечни реплики и контрареплики меѓу себе.

    “Немам право да мислам и да ви се мешам во мислите“, одговори претседателот Џафери на барањата на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ  дека треба да се размисли да се прекине расправата за разрешувањето на Зврлевски.

    Илија Димовски координатор на првата пратеничка група повторно побара од претседателот Џафери да го спроведува Изборниот законик, а не да го толкува како сака.

    „Се обраќам до координаторот на координаторите. Треба да се прекине со праксата со реплики и контрареплики меѓу пратетениците на ВМРО-ДПМНЕ.  Во тој дух, пратениците на СДСМ се откажуваат од  дискусиите само да се доведе до крај седницата и да се прекине апсурдното однесување на опозицијата“, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев.

    Димовски му одговори на Тунтев дека  не се апсурдни репликите  и контрарепликите, туку апсурдно е партија која изгубила на избори, да  раководи со државата.

     

    Г.ТРПЕНОСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира