СОЛЗА ЈА ПОДУЧУВАШЕ ВЛАДАНКА ШТО ДА ЈА ПРАША КАТИЦА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СОЛЗА ЈА ПОДУЧУВАШЕ ВЛАДАНКА ШТО ДА ЈА ПРАША КАТИЦА

    Независната пратеничка Солза Грчева ѝ сугерираше на колешката Владанка Авировиќ од место, што да ја праша Катица Јанева во врска со лидерот на СДСМ Зоран Заев за време на вчерашната седница на Комисијата за политички систем, но пратеничката од СПМ не зборуваше вчера, бидејќи седницата се прекина поради здравствената состојба на специјалната обвинителка. Авировиќ ќе зборува денеска, по завршувањето на попладневната пауза.
    Претходно денеска, Грчева пак се скара со бившите сопартијци од СДСМ и овојпат гласно ги опцу: „Море мајку ви ваша!“, по што ја зеде чантата и нервозна излезе од собраниската сала во која Комисијата за политички систем води расправа за извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство.
    Инцидентот се случи кога (контра)реплицираа пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски и специјалната обвинителка Катица Јанева, поточно кога Мукоски и кажа на Јанева дека не може да им помогне на пратениците од СДСМ да победат, нарекувајќи ги „овие“, зашто нив, како што рече, ни Господ не може да им помогне.
    На зборот „овие“ реагираа пратениците од СДСМ, кои од место довикуваа Мукоски да не ги навредува и барем да им се обраќа со називот на партијата, место со „овие“.
    Мукоски продолжи да ги нарекува со тој збор и да покажува кон пратениците на СДСМ, по што се уфрлија и пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и независната пратеничка Солза Грчева.
    Грчева и Димовски се караа и си упатуваа навреди со пратениците од СДСМ, кои возвраќаа со иста мера.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира