СОМНЕЖ ЗА ПРВ СЛУЧАЈ НА ЗИКА ВО МАКЕДОНИЈА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:396:"ДиректоркатанаДетскатаклиникад-рАспазијаСофијановавелидекастанувазборзатромесечнобебероденосомикроцефалија(екстремномалоглавче)коепреднеколкуденанаклиникатавоСкопјебилодонесеноодДојран

    СОМНЕЖ ЗА ПРВ СЛУЧАЈ НА ЗИКА ВО МАКЕДОНИЈА

    Скопје, 24 март, 2016 (САКАМДАКАЖАМ.МК) – На Клиниката за детски болести во Скопје е примено бебе родено со миокроцефалис (екстремно мала глава) за кое лекарите се сомневаат дека мајката за време на бременоста го прележала вирусот зика. Директорката на Детската клиника д-р Аспазија Софијанова вечерва за САКАМДАКАЖАМ.МК потврди дека на одделот за неврохирургија е примено тромесечно дете кое според сите клинички параметри е родено така како последица на зика.

    Д-р Софијанова вели дека станува збор за бебе родено со микроцефалија (мало главче) кое пред неколку дена на клиниката во Скопје било донесено од Дојран. Не се знае дали мајката во текот на бременоста патувала во земјите во кои има епидемија на овој вирус.

    Примероци од крвта на бебето и мајката се испратени во референтна лабораторија во Германија. По добивањето на анализите со сигурност ќе се знае дали станува збор за прв случај на зика во Македонија, вели д-р Софијанова.

    Вирусот зика го пренесуваат тропски тигрести комарци, предизвикува треска која што не е опасна и лесно се лечи, но кај трудници може да предизвика деформации на плодот, познато како микроцефалис, кога бебето се раѓа со абнормално мала глава. Во моментов зика вирусот е најраширен во Бразил каде има илјадници случаи на бебиња родени со микроцефалис.

    Иако научно уште не е докажана врската помеѓу вирусот што го пренесуваат комарците и микроцефалис, според Светската здравствена организација ќе требаат најмалку три години за да се создаде вакцина против зика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари