СПАСЕНИ 30 ЛУЃЕ ОД 16 КОЛИ ЗАВЕАНИ НА СТАРИОТ ПАТ КУМАНОВО-СКОПЈЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СПАСЕНИ 30 ЛУЃЕ ОД 16 КОЛИ ЗАВЕАНИ НА СТАРИОТ ПАТ КУМАНОВО-СКОПЈЕ

    Триесетина патници синоќа биле извадени од нивните автомобили завеани со снег на стариот пат Куманово – Скопје, помеѓу кумановските Ново Село и Љубодраг. Меѓу патниците било и петгодишно дете со висока температура и неколку повозрасни лица од кои тројца премрзнати. Патниците останале завеани во попладневните часови, а по неколку саати поминати во нивните автмобили побарале помош од надлежните институции.

    „Акцијата за спасување започна околу 19, а заврши околу 20.30 часот. Сите патници безбедно беа извадени и си заминаа дома. Патот во текот на денот беше два пати чистен, но на тој дел е рамнина и постојано има навеви од снег. Одржувањето е во надлежност на ‘Македонија пат’, но ние излеговме во пресрет да го исчистиме за да им помогнеме на луѓето“, изјави Горан Стојановски, раководител во ЦУК  Куманово.

    Вистинска драма се одвивала при акцијата за спасување, кога машината што пристигнала да го расчисти снегот се заглавила во него. Поради тоа била повикано возило на протовпожарната единица од Куманово, кое со сајли го извлекла возилото од навевот. Дури потоа почнало расчистувањето и вадењето на автомобилите и патниците.

    Во акцијата покрај Центарот за управување со кризи се вклучил и општинскиот кризен штаб од Куманово, Црвениот Крст, Територијалнтата противпожарна единица и Брза помош.

    Стариот пат Куманово- Скопје, до липковското село Никуштак, од утринава е прооден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира