СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ

    СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВПремиерот Зоран Заев на официјалната заедничка фотографија со министрите од новата влада. (Фото: Ѓ. Личовски)

    САД им честита на премиерот Зоран Заев и парламентарното мнозинство на формирањето нова влада во Македонија, соопшти пред малку американскиот Стејт Департмент.

    „Како пријател и партнер на Македонија, САД едвај чека да почне да соработува со новата влада во стремежот да ги исполни евроатлантските аспирации, имплементирајќи ги итните реформски приоритети кои што ќе ги зајакнат владеење на правото и независноста на судството, слободата на медиумите и отчетноста на владата“, соопшти портпаролката на Стејт Департментот Хетер Ноерт.

    Веднаш по изборот на Владата на полноќ помеѓу среда и четврток и амбасадорот Џес Бејли на твитер порака му честиташе на Заев и на парламентарното мнозинство за формирањето на новата Влада.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира