СУДИЈАТА ЏОЛЕВ ГО ТУЖИ ЛАЗАРОВ ОД СОВЕТОТ ЗА УТВРДУВАЊЕ ФАКТИ ДЕКА ГО ФАВОРИЗИРА ПАНЧЕВСКИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КРИВИЧНИОТ СУД

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СУДИЈАТА ЏОЛЕВ ГО ТУЖИ ЛАЗАРОВ ОД СОВЕТОТ ЗА УТВРДУВАЊЕ ФАКТИ ДЕКА ГО ФАВОРИЗИРА ПАНЧЕВСКИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КРИВИЧНИОТ СУД

    Судијата Иван Џолев од Основниот суд Скопје 1, кој денеска повторно дојде во Советот за утврдување факти за нова претставка против него, го изненади претседателот на Советот Јордан Лазаров и му соопшти дека му поднел кривична пријава за злоупотреба на функцијата.

    Џолев до Скопското обвинителство ја поднел пријавата вчера, бидејќи како што рече на јавната седница, во време кога тече огласот за избор на претседател на Кривичниот суд, Лазаров како претседател на Советот иницирал и отворил постапка за разрешување на судијата Џолев, кој е кандидат за претседател на Кривичниот суд, покрај експретседателот Владимир Панчевски.

    Според Џолев, станува збор за претставка до Советот од 2014, која Лазаров сега ја активира додека трае огласот за избор на нов претседател за Кривичен суд.

    Според Законот за Советот за утврдување факти, постапка против судија  се покренува најдоцна до 6 месеци од сознанието дека бил направен прекршок или несовесно работење од судијата.

    Во образложението на пријавата до Скопското обвинителство, адвокатот на Џолев Стеван Павлески наведе дека Лазаров ова го направил со умисла за да го фаворизира противкандидатот на Џолев, Панчевски. Во пријавата бара до завршувањето на кривичната постапка пред Скопското обвинителство расправата по најновата претставка  против Џолев да биде прекината и ставена во мирување.

    Советот за утврдување факти ја прекина денешната седница и на следна седница ќе расправа по барањето за ставање во мирување на претставката против Џолев.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира