СУДИЈАТА ТУФЕГЏИЌ ОД СУДСКИОТ СОВЕТ БАРА ДА ГО ПОНИШТИ ОГЛАСОТ ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 1

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СУДИЈАТА ТУФЕГЏИЌ ОД СУДСКИОТ СОВЕТ БАРА ДА ГО ПОНИШТИ ОГЛАСОТ ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 1

    Судијата Владимир Туфегџиќ, кандидат за претседател на Основниот суд Скопје 1, ќе ја повлече кандидатурата, ако Судскиот совет не го поништи огласот за избор на претседател на Кривичниот суд, потврди Туфегџиќ за САКАМДАКАЖАМ.МК .

    „Мене ми е повредена еднаквоста и рамноправноста. Не може во јули да се изберат  претседатели, а во септември судии на апелационите и на Врховниот суд со старите оценки од 2014 година, а сега Судскиот совет да воведува вонредно оценување при изборот на претседатели на Основниот суд Скопје 1 и на Врховниот суд на РМ“, вели Туфегџиќ.
    Тој веќе поднел иницијатива до Судскиот совет за поништување на огласот.

    Претседателот на Советот Зоран Караџовски ни потврди дека вчера стигнала иницијативата од Туфегџиќ и дека се уште нема став, бидејќи сега Судскиот совет допрва ќе ја разгледува.

    Во иницијативата, вели Туфегџиќ, се наведува дека вонредно оценување на судии и претседатели на судови не било спроведено за избор на претседателите на: Основен суд Кратово, Основен суд Виница и Апелационен суд Гостивар во втората половина на 2016 година, како и при избор на судии во Апелационите судови Скопје, Гостивар, Битола и Штип, но и за избраните судии на Врховниот суд на петти септември.

    Судскиот совет за првпат ќе врши вонредно оценување на кандидатите за претседатели на Основниот суд Скопје 1 и на Врховниот суд, бидејќи оценките на кандидатите биле стари. Но, само во септември оваа година Советот унапреди и избра 18 судии, без да му пречат старите оценки.

    Најгласни во сомневањата дека со вонредното оценување на кандидатите се мести изборот на претседател не само на Врховниот, туку првенствено на Основниот суд Скопје 1, се 15-темина судии од Кривичниот суд, кои вчера беа во Судскиот совет да раскажат за наводните притисоци од Панчевски и за неправилности во работењето како претседател. Тие тврдат дека со вонредното оценување, ќе се вметне и 2015, за да се анулира последната оценка за работата на Панчевски, оценет во 2014 со тројка, но и да ѝ се одземат поени на претседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова, бидејќи поради тоа што Судскиот совет над една година не ѝ бираше врховни судии, во 2015 и 2016 таму се регистрирани заостанати, нерешени предмети.

    С. К. Делевска

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира