СУДИЈКАТА ГИ ОДБИ БОМБИТЕ КАКО ДОКАЗ ПРОТИВ ГРУЕВСКИ ОТИ СО НИВ СЕ КРШЕЛЕ ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СУДИЈКАТА ГИ ОДБИ БОМБИТЕ КАКО ДОКАЗ ПРОТИВ ГРУЕВСКИ ОТИ СО НИВ СЕ КРШЕЛЕ ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

    Судијката Татјана Михајлова ги одби како доказ „бомбите“ на судењето на Никола Груевски и уште 13-мина други обвинети за насилство во општина Центар и нарачаните шамари за Андреј Жерновски со образложение дека биле набавени на нелегален начин, со кршење на човековите права и слободи и на меѓународните конвенции.

    Таа, исто така, го одби предлогот на Специјалното јавно обвинителство, претставувано од обвинителката Фатиме Фетаи, во доказната постапка да биде сослушан сведок со статус загрозен, чиј идентитет би го знаела само таа.

    Судењето продолжува на 22 февруари. Обвинителката Фетаи рече дека ова судење е приоритет, ама судијката одговори дека таа има многу работа.

    СУДИЈКАТА СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ЈА ОТСТРАНИ ФАТИМЕ ОД СУДЕЊЕТО НА ГРУЕВСКИ

    Првообвинетиот Никола Груевски утринава дојде на денешното судење за насилствата во Општина Центар и нарачаните шамари за градоначалникот Андреј Жерновски, а покрај него на обвинителната клупа седнаа Миле Јанакиески, Даниела Рангелова и уште 11-мина други, против кои Специјалното јавно обвинителство поднесе обвинителен предлог на 15 септември.

    Поранешниот премиер Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Јанакиески и поранешната советничка во Центар и пратеничка Рангелова се обвинети како нарачатели на насилствата во Општина Центар во јули 2013 година. Уште две лица се товарат како нарачатели, а деветмина други како извршители.

    С.К. Делевска

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира