СУДOT Е ДОБАР, НЕ ЧИНАТ СЈО И НОВИНАРИТЕ, ТВРДИ КАРАЏОВСКИ ОД СУДСКИОТ СОВЕТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СУДOT Е ДОБАР, НЕ ЧИНАТ СЈО И НОВИНАРИТЕ, ТВРДИ КАРАЏОВСКИ ОД СУДСКИОТ СОВЕТ

    Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски смета дека Специјалното јавно обвинителство е инфантилно и политички пристрасно со тоа што објави дека предметите што се паднале кај еден судија, без причина, му биле одземени и дадени на други две судијки, кои потоа ги отфрлија барањата за претрес кај поранешни и сегашни функционери. А новинарите, тој ги нарече сезационалисти.

    „Во  РМ има 34 судови и конкретно секое работење на секој судија ние не можеме да го знаеме. СЈО треба да работи во рамки на законите и овластувањата, оти сега имаме ситуација за некое дејствие што било на 20 јануари, а се објавува на 30 јануари. Дали тоа коинцидира со некои настани во државава или не, тоа е тема за дискусија“, рече Караџовски за обвинувањата за ад хок местењето судии кога треба да се решава по предлози на СЈО за притвор, претрес, мерки за безбедност.

    Се имам произнесено за несериозноста и пристрасноста во однос на обвинувањата што се наметнуваат особено на работата на Основниот суд Скопје 1, го бранеше денеска Караџовски Основниот суд Скопје 1.
    „Според мене, се работи за најблаго речено, инфантилно однесување на СЈО. Има Закон за кривична постапка, има начин на реагирање и начин на постапување. Сега тоа обвинителство оди чекор натаму, со именување на кривични совети, на судии, итн. Ако некој го прекршил законот, има процедура. Вакви односи рекла-казала и обвинувања преку медиуми, па скандализирање, сензационализам од вас новинарите, од типот …Скандал во судот… итн, јас го подразбирам пристрасно и неправично постапување, и од страна на СЈО и од вас медиумите“, смета тој.

    Значи, се е во ред, не чинат медиумите, не чини СЈО, а Основниот суд Скопје 1 добро работи?, го прашавме претседателот на Судскиот совет, а тој одговори дека тоа е наша констатација. Додаде дека “намерно од некои работи се прави, фама, сензационализам, се настапува еднострано и се добива искривена слика“.

    На наша констатација дека сликата е дека досега сите барања и предлози за истрагите кои почна да ги води СЈО, се одбиваат од Основниот суд Скопје 1, Караџоски упати на законитоста на барањата од СЈО. Прашањето е, рече тој, дали тие барања законски биле основани, или не.

    А дали е законски да се смени дежурниот судија кај кои се паднале предметите н СЈО за кои имало барања за наредби за претсрес, да му се одземат тие предмети и да се дадат на други судии за кои СЈО барало изземање, го прашавме.
    „Караџовски одговори дека има закон и деловник. Зошто е така направено, ако е направено“, рече, јас немам факти се уште.

    Сепак, на прашањето дали е според законот, Панчевски, кој се уште не е распореден во кое одделение ќе суди како редовен судија, да седне директно во кривичниот совет да одлучува за предмети по жалба, рече дека ќе го провери тоа. Потсети дека распоредувањето е во надлежност на в.д. претседателката на Кривичниот суд Татјана Михајлова и оти досега Панчевки требало да биде распореден.
    СЈО објави дека за два од одбиените предмети за претрес на сегашни и бивши функционери, во кривичните совети одлучувал екпретседателот на судот Владимир Панчевски.  

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира