СУДОТ ГИ ОДБИ МЕРКИТЕ НА СЈО ЗА ТРОЈЦА ОД „ТВРДИНА“

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    СУДОТ ГИ ОДБИ МЕРКИТЕ НА СЈО ЗА ТРОЈЦА ОД „ТВРДИНА“

    Судија на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1 го одби предлогот на Специјалното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост на лицата Т. Ј., Н. Б. и В.С., обвинети во случајот „Тврдина“, соопшти Кривичниот суд.

    „Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по предлог на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) за определување мерки за претпазливост против лицата Т. Ј., Н. Б. и В.С. опфатени со предметот на СЈО познат како „Тврдина“, по сослушување на лицата во однос на предлогот, донесе решенија со кои го одби предлогот на обвинителството за сите три лица“, пишува во соопштението на судот.

    Против овие решенија дозволено е право на жалба до Кривичниот совет на овој суд во рок од 24 часа по приемот на решенијата.

    За „Тврдина“, третата истрага на СЈО, осомничени се 5-мина, тројца началници на оддели во УБК, ексминистерката на МВР и вработена во архивата. СЈО смета дека има докази дека групата организирала уништување на два система за следење на комуникации со што државата е оштетена за 10 милиони евра.

    Пред десетина дена судот го отфрли и барањето на СJO за одземање на пасошот на ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, третоосомничена во случајот „Тврдина“.

    Во овој предмет судот единствено одреди мерка одземање на пасошот на првоосомничениот Горан Грујовски, сега веќе разрешен началник на Петтата управа, за кого пак беше побаран притвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари