СУДОТ ГИ ОДБИВА БАРАЊАТА НА СЈО ПОРАДИ ПОЛИТИЧКИ МЕШАЊА, ЗАБЕЛЕЖУВА ЕУ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СУДОТ ГИ ОДБИВА БАРАЊАТА НА СЈО ПОРАДИ ПОЛИТИЧКИ МЕШАЊА, ЗАБЕЛЕЖУВА ЕУ

    Европската комисија препорача во наредната година да му се обезбеди целосна поддршка и сите потребни ресурси на Специјалното јавно обвинителство, откако забележа дека работата на СЈО е попречувана во пракса во својот извештај за Македонија за 2016 година, објавен денеска. ЕК наведе во извештајот дека Кривичниот суд ги одбива барањата на СЈО, а Советот на јавни обвинители и владејачката партија јавно го критикуваат СЈО.

    „Работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), формирано во 2015 година за да истражи случаите поврзани со скандалот со прислушување, продолжува да биде попречувано во пракса. Кривичниот суд редовно одбива да ги одобри мерките на претпазливост кои ги бара СЈО како дел од нивните истраги и Советот на јавни обвинители и владејачката партија јавно ја критикуваа нивната работа. Меѓународната заедница продолжи да инсистира дека на СЈО мора да му биде овозможено да ги исполни своите функции независно“, се наведува во делот од извештајот, посветен на владеењето на правото.

    Во извештајот на ЕК е забележано и дека опструкциите на СЈО укажуваат на потреба од справување со недостатокот на независно судство и спречување на селективна правда.

    „Судскиот систем во земјата е делумно подготвен. Сепак, ситуацијата назадува од 2014 година и постигнувањата од реформскиот процес од изминатата деценија се поткопани од политичките вмешувања во работата на судскиот систем, кои се повторуваат.

    Властите не успеаја да демонстрираат неопходна политичка волја да ги решат ефективно проблемите идентификувани во „Ургентните реформски приоритети“. Опструкциите со кои се соочува нововоспоставеното Специјално јавно обвинителsтво покажаа потреба за решавање на недостатокот на независно судство и спречување на селективна правда“, се вели во извештајот.

    ЕК во извештајот го потврди намалувањето на финансиската поддршка од ЕУ за Македонија.

    „Недостатокот на политичка волја да се исполнат неопходните реформи во менаџирањето на јавните финансии доведоа до значително намалување на финансиската помош од ЕУ во 2016 година“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира