СУДОТ НЕ ГО ЗАМРЗНА ИМОТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ НА БАРАЊЕ НА СЈО

    СУДОТ НЕ ГО ЗАМРЗНА ИМОТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ НА БАРАЊЕ НА СЈОСЈО бараше замрзинување и на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. - Од чекањето резултати од изборите на 11 декември во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ (Фото: СДК.МК)

    Основниот суд Скопје 1 го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство за замрзнување на имотот ВМРО-ДПМНЕ во врска со случајот „Талир“, во кој осомничени се 11-мина функциониери на партијата за перење пари, вклучувајќи го лидерот Никола Груевски како првоосомничен. Судот денеска соопшти дека Кривичниот совет ја потврдил одлуката на судија на претходна постапка да го одбие предлогот на СЈО за замрзнување на имотот.

    „Судиите од Кривичните совети на Одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по несогласноста на судиите на претходна постапка, во врска со барањата за привремено одземање на имот поднесени од страна на СЈО, на нејавна седница одржана на 23.05.2017 година согласно чл.202 ст.3 од ЗКП донесоа решенија со кои се уважува несогласноста на судијата на претходна постапка при што од страна на судот не е определена предложената привремена мерка Забрана на оттуѓување на недвижен имот со ставање на хипотека“, соопшти попладнево Основниот суд Скопје 1.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира