СУДОТ ПРИМИЛ КЛАСИФИЦИРАНИ ДОКАЗИ ОД ЗВРЛЕВСКИ, А НЕ ГИ ПРИМА ОД ЈАНЕВА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СУДОТ ПРИМИЛ КЛАСИФИЦИРАНИ ДОКАЗИ ОД ЗВРЛЕВСКИ, А НЕ ГИ ПРИМА ОД ЈАНЕВА

    Специјалното јавно обвинителство соопшти дека денеска повторно ќе ги достави доказите до Основниот суд Скопје 1 кои вчера им беа вратени.

    Како што дознаваме, СЈО вчера се обидело пак да ги поднесе документите во 16.15 часот, но Судот, чие работно време е до 16.30, веќе бил затворен. На СЈО му било речено дека претседателот на Судот Владимир Панчевски ги ослободил вработените да си заминат порано поради судењето за Диво Насеље.

    Основниот суд Скопје 1 вчера соопшти дека ги врати доставените докази од Специјалното јавно обвинителство оти не е доставен акт за декласификација на доказите, поради што не може да се оцени основаноста на обвинението. Но, од СЈО велат дека Кривичниот суд има двојни стандарди при третманот на класифицираните документи. Потсетуваат дека рочиштата за случајот „Пуч“ пролетта се одлагаа оти истиот тој суд одбиваше на СЈО да му ги даде документите, под изговор дека се класифицирани. А сега, истиот суд, не им ги прифаќа доказите оти бара тие да бидат декласифицирани.

    Основниот суд Скопје 1, на трети март годинава, одби да му ги даде на Специјалното обвинителство доказите за случајот „Пуч“, со образложение дека од Обвинителството за организиран криминал, од каде СЈО ја презеде надлежноста за „Пуч“, примило класифицирани информации од кои не бил симнат предзнакот државна тајна. Во соопштение Кривичниот суд потврди всушност дека од Обвинителството за организиран криминал на Марко Зврлевски и на Јован Илиевски, без никаков проблем прима класифицирани материјали како доказ, што не е случај сега, кога СЈО до судот поднесува класифицирани информации како доказ на обвинението против Горан Грујовски и шестемина соучесници во палењето на списите за прислушуваните разговори.
    Во објаснувањето од март Основниот суд Скопје 1 наведе дека нема да му даде копии од списи и електронски докази на СЈО за „Пуч“, бидејќи со тоа судот би направил директна повреда на обврската за чување класифицирани информации. Во тогашното соопштение стои дека „се работи за списи и електронски докази кои се сочинети од разни државни органи кои истите ги класифицирале како државна тајна, па судот во никој случај не би можел да издава копии или преписи на овие класифицирани докази, особено без изречена дозвола и одобрение од државните органи кои ги издале“, објаснуваше Основниот суд Скопје 1 на трети март.
    Во СЈО потенцираат дека на Судот во март не му било проблем да прима како доказ класифицирани документи што им ги доставило обвинителството на Марко Зврлевски, а сега не сакаат да примат класифицирани документи од обвинителството на Катица Јанева. СЈО објасни дека во конкретниот случај не е барана декласификација на доказите оти се работи за документи кои се поврзани со внатрешната организација и правилата на работење на Управата за безбедност и контраразузнавање и Министерството за внатрешни работи. Од таму велат дека со актот на декласификација би можеле да настанат штетни последици за државата.

    Двата обвинителни акти поднесени од СЈО им се доделени на судијките Татјана Михајловска и Лидија Петрова. Неофицијално, случајот со уништувањето на доказите во УБК треба да го работи судијката Петрова која во „бомбите“ на опозицијата беше спомната како „сваровски судијка“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира