СУДСКИОТ СОВЕТ ЈА ПОТВРДИ ОСТАВКАТА НА МИХАЈЛОВА, АДЕКВАТНО ЌЕ ЈА РЕШАВАЛ СИТУАЦИЈАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СУДСКИОТ СОВЕТ ЈА ПОТВРДИ ОСТАВКАТА НА МИХАЈЛОВА, АДЕКВАТНО ЌЕ ЈА РЕШАВАЛ СИТУАЦИЈАТА

    Судскиот совет утринава потврди дека в.д. претседателката на Основниот суд Скопје 1 Татјана Михајлова, која го суди поранешниот премиер Никола Груевски по првото обвинение на СЈО за насилството во Општина Центар, вчера си поднела неотповиклива оставка на функцијата. Во соопштението, објавено на интернет сајтот и потпишано од претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски, се вели дека ќе бидат преземени мерки за адекватно решавање на настанатата ситуација.

    „Судијата Татјана Михајлова вчера, на 07.03.2017 година, со писмен поднесок го извести Судскиот совет на Република Македонија дека поднесува неотповиклива оставка на функцијата в.д. претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје. Во текот на денешниот ден Судскиот совет на Република Македонија ќе преземе мерки за адекватно решавање на настанатата ситуација, ќе бидат извршени анализи и во најкраток можен рок ќе биде закажана седница по повод поднесената оставка на в.д. претседателот на Основен суд Скопје 1 Скопје“, стои во соопштението на Судскиот совет.

    Во извештајот на Стејт департментот за 2016 година, судството беше окарактеризирано со политичко мешање, неефикасност, наклонетост кон добростоечки личности, одолговлекување на процесите, нарушување на правото на јавно судење и со корупција, а посебно нотирани беа Основниот суд Скопје 1 и експретседателот Панчевски и во тој дел од извештајот се вели дека „политичките манипулации со назначувањата во судството станале уште побезобѕирни, посебно во случаите на Специјалното јавно обвинителство“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира