СУДСКИОТ СОВЕТ НЕ ЈА ПРИМИ НЕДЕЛКОВА НА СЕДНИЦА, ОЦЕНУВАЊЕТО НА СУДИИТЕ ЗАТВОРЕНО ЗА НОВИНАРИТЕ

a:1:{s:13:"td_source_url";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СУДСКИОТ СОВЕТ НЕ ЈА ПРИМИ НЕДЕЛКОВА НА СЕДНИЦА, ОЦЕНУВАЊЕТО НА СУДИИТЕ ЗАТВОРЕНО ЗА НОВИНАРИТЕ

    Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски на денешната седница не го ни стави на дневен ред барањето на експретседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова расправата по приговорот за нејзиното бодување да биде јавна. Оттаму, таа не беше ни повикана на денешната седница, а за време на оваа точка по приговорите на незадоволните кандидати за претседатели на Врховниот и на Основниот суд Скопје 1, новинарите, како по досегашната пракса, не беа примени на седницата.

    На прашање зошто упорно инсистира расправата да не биде јавна кога Неделкова смета дека сака да ги сподели со јавноста начинот како е оценета, оценката и бодовите во трката за претседателското место на Врховниот суд, Караџовски рече дека со тоа би ги прекршил законот и деловникот на Советот. Оценките на судиите им се даваат во коверт, лично, и нивно е дали потоа тие ќе ги споделат со јавноста, вели тој.

    Неделкова, како што изјави, сакаше јавно да го праша Советот зошто не ѝ ги бодува научните трудови што ги објавила како претседател на највисокиот суд во странски медиуми со меѓународен импакт фактор, зошто таа додека беше претседател, како претставник на Република Македонија за време на нејзиниот четиригодишен мандат, кој траеше до 4. декември лани, на ист начин е оценувана од Судскиот совет како претседателите на основните судови во Делчево, Крушево и Дебар, зошто ѝ се скратени бодовите во вонредното оценување само нејзе.

    Караџовски рече дека законски, на ист начин се оценуваат сите претседатели на судови. Одговори и дека на денешната седница биле прифатени дел од приговорите на незадоволните кандидати за претседатели на судовите.

    В.д. претседателката на Врховниот суд Снежана Бајлозова, на која Судскиот совет ѝ дал највисока оценка и максимални бодови што се предвидени, на прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК рече дека немала приговор на оценувањето.

    С. К. ДЕЛЕВСКА  

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира