СУСПЕНДИРАНИ НОВИ 15 ПОЛИЦАЈЦИ ЗА УПАДОТ ВО СОБРАНИЕТО

    СУСПЕНДИРАНИ НОВИ 15 ПОЛИЦАЈЦИ ЗА УПАДОТ ВО СОБРАНИЕТОВнатрешната контрола при МВР досега има суспендирано пет полицајци-вработени во собраниското обезбедување бидејќи не го спречиле отворањето на вратите на Собранието при што демонстрантите влегоа во Собранието и беа повредени околу 100 пратеници, новинари, полицајци и вработени во Парламентот(Фото.СДК.МК)

    Суспендирани нови 15 припадници на Министерството за внатрешни работи бидејќи на 27 април за време на организираниот напад на Собранието не постапиле професионално, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Меѓу суспендираните е и помошник-министерот Небојша Стајковиќ, кој е суспендиран поради нефункционирањето на системот за снимање на командите во министерството за внатрешни работи.

    Внатрешната контрола при МВР досега има суспендирано пет полицајци-вработени во собраниското обезбедување бидејќи не го спречиле отворањето на вратите на Собранието при што демонстрантите влегоа во Собранието и беа повредени околу 100 пратеници, новинари, полицајци и вработени во Парламентот.

    МВР прави истрага за уште 30-тина припадници на Министерството за внатрешни работи за нивното однесување и постапување во инцидентите во Собранието.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира