ТАЛАТ ЏАФЕРИ Е ПРИФАТЛИВ ЗА СДСМ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО, ВЕЛИ ЗАЕВ

    ТАЛАТ ЏАФЕРИ Е ПРИФАТЛИВ ЗА СДСМ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО, ВЕЛИ ЗАЕВЗаев најави дека утре може да се избере и Комисијата за избори и именувања и новиот претседател на Собранието. (Фото: СДК.МК/архивска фотографија)

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев тврди дека за неколку часа може да се заврши конституирањето на Парламентот со избор на нов претседател.
    Заев во интервју за телевизијата „Канал 5“ рече дека може да се избере утре и Комисијата за избори и именувања, како и новиот претседател на Собранието. Потоа, новиот претседател со допис ќе побара од претседателот Ѓорге Иванов да го даде мандатот на лидерот на СДСМ Заев за формирање на нова влада.
    „За претседател на Парламентот треба да се избере личност која има големо политичко искуство, интегритет, личност која го знае функционирањето на Парламентот, личност која ќе ја почитува опозицијата, ќе прифаќа нивни предлози и ќе одбива предлози од власта. Човек со такво искуство е Талат Џафери“, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервјуто.
    Покрај пратеникот Талат Џафери како предлог од ДУИ  за претседател на Собранието и движењето Беса најави дека може да предложи свој кандидат за претседател. Одлуката за истакнување кандидат донело централното претседателство на партијата.
    Од ВМРО-ДПМНЕ не ја откриваат стартегијата за настап на утрешната собраниска седница. Само пратеникот Илија Димовски откако беше постигнат договор за Комисијата во петокот, изјави дека ќе бидат разгледувани еден, два, три, десет или сто предлози за претседател на Собранието.
    Тој во изјава за медиумите рече дека нов претседател на Собрание нема да се изгласа на утрешното продолжение на конститутивната седница, туку само ќе се избере Комисијата за избори и именувања.
    Продолжението на конститутивната седница е закажано за утре во 13 часот, на чии дневен ред се точките за избор на Комисијата за избори и именувања и избор на нов претседател на Парламентот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира