ТАЗЕ БОЈА ЗА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ИВАНОВ И ЗА МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТАЗЕ БОЈА ЗА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ИВАНОВ И ЗА МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА

    Шарената револуција стигнува пред Собрание. Попатно фрлија тазе боја на Министерството за правда, а потоа и на празната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов во Центар. Демонстрантите се задржаа пред канцеларијата и најгласно досега скандираа „Оставка, оставка“ и „Мафија на робија“. Пред Собрание се чекаат говорите на организаторите.

    Специјалната единица за боење на Шарената револуција вечерва соборува рекорди. Додека со два чатала се решеташе фасадата, со пушки се боеше и оградата на Владата. Шарени се сите столбови на оградтата од главниот влез до мостот „Гоце Делчев“ односно боја фрлија демонстрантите секаде каде што немаше полиција.
    „Многу ни е добар чаталот“ скандираа шарените и извикуваа „Ура“ по секој погодок на фасадата.

    Демонстрантите решија денес да не ја откриваат трасата по која ќе се двжат во знак на револт од односот на полицијата кон нив.
    „Досега уредно пријавувавме каде ќе се движиме, а МВР постојано ни правеше проблеми во трасата. Вечерва не кажуваме каде одиме, МВР нека не наоѓа“, велат демонстрантите.

    „Ќе се чаталиме до слобода“, напишаа на големиот транспарент. Се собраа пред Специјалното јавно обвинителство но не тргнаа кон Собрание туку во спротивната насока. Се движеа по улицата „Ленинова“ или по ново „Аминта Трети“, каде што воопшто нема полиција, а потоа преку„ Партизанска“ и „Климент Охридски“ стигнаа пред Влада.

    Возачот на комбето кој доцна синоќа беше приведен во полициската станица „Пролет“, денес е со демонстрантите. Од разгласот и вечерва пушта музка за шарените револуционери.
    „По вчерашниот протест, продолжија приведувањата како мерка за заплашување и пригушување на отпорот. Овој пат приведен е возачот на комбето чиј разглас го користиме да сме погласни на протестот. Со секое нивно заплашување стануваме побројни, похрабри и поистрајни во борбата“, напишаа денес на Фејсбук профилот организаторите од „Протестирам“ и уште еднаш повторија дека остануваат на улица се до целосно разрешување на кризата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари