ТЕТОВЧАНИ НА ПРОТЕСТ ПРОТИВ ДЕПОНИЈАТА ШТО ГО ЗАДУШУВА ГРАДОТ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:44:"Тетово(САКАМДАКАЖАМ.МК)

ТЕТОВЧАНИ НА ПРОТЕСТ ПРОТИВ ДЕПОНИЈАТА ШТО ГО ЗАДУШУВА ГРАДОТ

На Тетовци веќе преку глава им е од дивата депонија и бараат ова прашање еднаш засекогаш да се реши. Својот револт од овој повеќегодишен проблем денес ќе го искажат со протест пред зградата на општина Тетово.

„Сакаме депонијата да се тргне од градот. Не да се дислоцира од едно на друго место,  туку да се тргне од градот. Со нејзиното дислоцирање од едно на друго место не се решава проблемот. Таа мора еднаш за секогаш да се тргне далеку од Тетово. Смрдеата веќе е неподнослива, опасноста од избивање зарази е сé поприсутна,  а чадот што доаѓа од неа, поради тоа што некој го пали сметот, секојдневно нé гуши. Затоа немаме друго решение туку да излеземе на протест“,  изјави Артан Етеми преседател на МЗ Деребој на чиј повик е закажан протестот  пред зградата на општина Тетово.

тетово депонија 1

Дивата депонија или како официјално од општината ја нарекуваат претоварна станица за смет, се наоѓа на помалку од еден километар од центарот на градот и е веднаш до силосите и погоните на “Жито Полог“ еден од најголемите производители на леб во Тетово. Жителите на МЗ Деребој  се најблиску до дивата депонија и најмногу се загрозени од нејзиното постоење. Тие повеќе пати се обидувале да разговараат со раководстовот од општината и со градоначалничката Теута Арифи, но овие напори останале без успех. Никој не сакал да ги прими и да ги сослуша за нивните проблеми.

„До општина Тетово и до градоначалничката имаме доставено еден куп барања како за проблемите со депонијата така и за проблемите кои ги имавме со минатогодишните поплави. Досега никој од општината, а ни градоначалничката не не повикала да ги сослуша нашите проблеми ниту писмено нѝ одговорија на нашите барања. “ вели Етеми.

Од ЈКП Тетово велат дека вината за овој проблем лежи во блокадата на жителите од гостиварско Русино кои не дозволуваат сметот од Тетово да се носи на депонијата Русино. Тие барале да се изгради пат и фабрика за преработка на сметот. Сега сметот од Тетово се носи на депонијата Дрисла во Скопје за што е потребно многу повеќе време за транспорт. Дневно од градот се собираат од 100 до 150 тони смет, и тоа што не може дневно да се префрли во Дрисла се натрупува на претоварната станица. Иако од ЈКП најавуваа дека деновиве конечно ќе се договорат со селаните на Русино за отстранување на блокадата, патот за камионите со тетовскиот смет и понатаму останува затворен.

Текст и фото: Зоран Андонов

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Коментари