ТОДОРОВ КАКО ТЕХНИЧКИ МИНИСТЕР И ПРАТЕНИК ПОТПИША ДОГОВОР ОД 72 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НОВ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

    ТОДОРОВ КАКО ТЕХНИЧКИ МИНИСТЕР И ПРАТЕНИК ПОТПИША ДОГОВОР ОД 72 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НОВ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАРОвој договор е потпишан три дена откако претседателот Иванов му го додели мандатот на лидерот на СДСМ Заев. - Тодоров и директорот на Фондот за здравство Сашо Стефановски (архивска фотографија)

    Договорот за изградба на нов клинички центар во Скопје, во вредност од 72 милиони евра, денес во свечената сала на владата го потпиша Никола Тодоров, кој сега е технички министер за здравство и пратеник во Собранието.

    Овој договор е потпишан три дена откако претседателот Ѓорге Иванов му го додели мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев да состави нова Влада. Клинички ќе го градат домашните градежни компании Гранит и Бетон и италијанската компанија Инсо Системи. Новиот клинички центар е предвидено да се наоѓа на местото на поранешна Гинекологија.

    Тодоров, по потпишувањето на договорот, не одговори на новинарските прашања во кое својство го потпишал договорот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира