ТРАМП СТОИ ЗАД МАКЕДОНИЈА ВО ОПРЕДЕЛБАТА ЗА НАТО, МУ ПРЕНЕЛ ПЕНС НА ЗАЕВ

    ТРАМП СТОИ ЗАД МАКЕДОНИЈА ВО ОПРЕДЕЛБАТА ЗА НАТО, МУ ПРЕНЕЛ ПЕНС НА ЗАЕВЗа САД, од големо значење да се обезбеди владеење на правото во Македонија. - Од средбата на Заев и Пенс во Подгорица

    Американскиот потпретседател Мајк Пенс му кажал на премиерот Зоран Заев дека Македонија може да смета на поддршката од САД и изразил поддршка на политиките на македонската влада, како и на заложбите за членство во НАТО, соопштија од владиниот сектор за односи со јавноста по нивната средба на Самитот во Подгорица.

    „Ставот на претседателот на САД Доналд Трамп е дека САД стои зад Република Македонија и зад регионот во определбите за интеграциите во НАТО“, му пренел на Заев потпретседателот Пенс.
    Според соопштението, Пенс се интересирал за реализацијата на Планот 3-6-9, при што нагласил дека е од големо значење да се обезбеди владеење на правото во Македонија.

    „За САД, од големо значење се демократските процеси и во делот на борбата против корупцијата, слободни медиуми, витализирање на граѓанското општество, доброто управување. Ставот на потпретседателот Пенс е дека премиерот Заев ги води реформските и интеграциските процеси со позитивна енергија и ентузијазам што се во согласност со потребите на регионот за нова генерација лидери ослободени од минатото, кои гледаат во иднината на своите граѓани и својата земја“, се вели во соопштението.

    На Самитот на земјите на Јадранската повелба во Црна Гора, Заев е придружуван од заменик претседателката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, заменик претседателот задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем Хазби Лика, министерот за надворешни работи Никола Димитров и Стево Пендаровски

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира