ЦУК БАРА ПОМОШ ОД ГРАДОТ СКОПЈЕ И ОПШТИНА САРАЈ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОНДОВО

    ЦУК БАРА ПОМОШ ОД ГРАДОТ СКОПЈЕ И ОПШТИНА САРАЈ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОНДОВОСитуацијата на теренот е критична, а поради ветерот гасењето на пожарот е отежнато, изјавија од Противпожарната бригадa. - Принтскрин од видео во живо на Фејсбук од пожарот во Кондово

    Центарот за управување со кризи (ЦУК) побара помош од градот Скопје и општина Сарај за ставање под контрола на пожарот што опасно се прошири до првите куќи на селото Кондово.

    Екипата на САКАМДАКАЖАМ.МК која беше на скопската обиколница во близина на Кондово забележа голем број доброволци кои се организираа да го гасат пожарот и заминаа кон селото.

    Во вонредната информација издадена доцна вечерва ЦУК соопшти дека пожарот кој започнал уште околу 13 часот, во 22 часот се разгорел поради ветрот и се приближил до селото.

    „Известени се одговорните во општина Сарај и град Скопје и истите се координираат да бидат упатени и дополнителни сили од комуналните служби на градот и општината како и цистерни со вода од ЈП Водовод и Комунална хигиена“, стои во вонредената информација на Центарот за управување со кризи.

    Според последните информации во тек е и евакуација на некои жители чии куќи се во непосредна опасност.

    Од Противпожарната служба на градот Скопје известија дека ситуацијата е критична.

    “Куќи нема зафатено, но опасна е ситуацијата. Критично е. Подетални информации ќе добиете кога ќе биде локализиран пожарот. Сега ништо повеќе не може да кажеме”, ни изјавија од Противпожарната служба.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира
    Booking.com

    Коментари