УПРАВНИОТ СУД ПОНИШТИ ГЛАСАЊЕ ВО ОПШТИНА ТЕАРЦЕ, МОЖНА Е ПРОМЕНА НА КОНЕЧНИОТ РЕЗУЛТАТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"СКОПЈЕ,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    УПРАВНИОТ СУД  ПОНИШТИ ГЛАСАЊЕ ВО ОПШТИНА ТЕАРЦЕ, МОЖНА Е ПРОМЕНА НА КОНЕЧНИОТ РЕЗУЛТАТ

    Управниот суд ја прифати тужбата на СДСМ и го поништи гласањето на гласачкото место  бр.2011 во Општина Теарце, во Изборна единица број 6. Со поништувањето на гласањето, во Општина Теарце ќе се прегласува на едно избирачко место.

    „Управниот суд, по разгледувањето на списите приложени во предметот, целокупниот изборен материјал, наводите во тужбата и решението на Државната изборна комисија, најде дека Тужбата е основана“, се вели во соопштението објавено на вебсајтот на Судот.

    Одлуката на Управниот суд за поништување на гласањето на изборното место 2011 во Теарце, на прегласувањето, може да го промени конечниот резултат на предвремените парламентарни избори. Наместо 51 пратеник за ВМРО-ДПМНЕ и 49 за СДСМ, може двете партии да имаат исти број на мандати, 50:50. Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во шестата Изборна единица е е 307 гласа предност за ВМРО-ДПМНЕ.

    СДСМ поднесе четири жалби, а една поднесе ВМРО-ДПМНЕ до Управниот суд во врска со одлуките на Државната изборна комисија за приговорите за текот на гласањето на изборите на 11 декември.

     

     

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира