УСТАВНИОТ СУД ТАКТИЗИРА ЗА СЈО, А СОБРАНИЕТО ЌЕ СЕ РАСТУРИ БЕЗ ЗАВРШЕНИ РАБОТИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    УСТАВНИОТ СУД ТАКТИЗИРА ЗА СЈО, А СОБРАНИЕТО ЌЕ СЕ РАСТУРИ БЕЗ ЗАВРШЕНИ РАБОТИ

    Собранието ќе се распушти за неполни две недели без изглед дека ќе ги донесе измените на законите што ги побара Специјалното јавно обвинителство, а Уставниот суд се уште тактизира и не ја става на дневен ред точката за уставноста на СЈО.

    Ако Уставниот суд евентуално го укине СЈО откако ќе се распушти Собранието на 12 октомври, ќе нема начин партиите да го усогласат неговото постоење како што бара договорот од 20 јули. Според тој договор, лидерите на 4-те најголеми партии потписнички на Пржинскиот договор го повикаа Уставниот суд што поскоро да ја донесе одлуката за уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство.

    Уставните судии се вратени на работа скоро цел месец, но иницијативата против СЈО не е ставена на седница на Уставниот суд, а нема ни најава кога ќе биде.

    Според договорот што на 20 јули го потпишаа лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, „во случај Уставниот суд да одлучи дека Законот за Специјалното јавно обвинителство или делови од него се неуставни, четирите партии се обврзаа во рок од пет дена да го усогласат со одлуката на Судот и одново да го воспостават СЈО. Ефикасноста, опсегот и целите на СЈО треба да бидат задржани“.

    За неполни две недели, до 12 октомври кога се распушта Собранието, пратениците треба да ги корегираат и изборните единици поради поголемиот број гласачи во 6-тата Изборна единица, да го донесат новиот Буџет за 2017 година.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира