В ПЕТОК КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА НОВОТО СОБРАНИЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    В ПЕТОК КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА НОВОТО СОБРАНИЕ

    Претседателот на Собранието во заминување, Трајко Вељаноски, за в петок во 13 часот ја закажа и ќе претседава со конститутивната седница на новиот собраниски состав.

    „Врз основа на член 63 од Уставот на Република Македонија кој предвидува дека новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена од одржаните избори и конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав, Вељаноски ја закажа конститутивната седница на деветтиот парламентарен состав за петок, 30 декември 2016 година во 13 часот“, стои во соопштението од кабинетот на Вељаноски, испратено доцна попладнево.

    Државната изборна комисија денеска на овластените претставници на политичките партии им ги врачи уверенијата за добиените пратенички мандати.

    Новиот деветти собраниски состав ќе има 120 пратеници, а нема да има пратеници од дијаспората поради недоволниот број на освоени гласови од кандидатите.

    Претседавачот со првата седница Трајко Вељаноски од избраните пратеници треба да назначи двајца, кои по потреба ќе го заменуваат во претседавањето со седницата, а потоа со прозивка треба да го утврдува бројот на присутните избрани пратеници.

    Собранието може да се конституира ако на седницата присуствуваат мнозинството избрани пратеници, а откако ќе се утврди кворумот, се избираат претседател и членови на Верификационата комисија на Собранието, кои ќе ги верифицираат мандатите на пратениците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира