ВАНГЕЛОВСКИ ПАК ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВРХОВНИОТ СУД, РИБАРЕВ ЗА В.Д. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КРИВИЧНИОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВАНГЕЛОВСКИ ПАК ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВРХОВНИОТ СУД, РИБАРЕВ ЗА В.Д. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КРИВИЧНИОТ

    Судскиот совет го избра Јово Вангеловски за претседател на Врховниот суд, функција на која тој беше претходно од 2008 до 2012 година. На денешната вонредна седница на Судскиот совет беше назначен и Стојанче Рибарев за нов в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1.

    Вангеловски, кој е кум на собранискиот спикер Трајко Вељановски, доаѓа на местото на Лидија Нелкова, а во меѓувреме, како в.д., претседателската функција во највисокиот суд ја извршуваше Снежана Бајлозова.

    Рибарев, кој во септември минатата година беше избран за врховен судија, ќе ја замени Татјана Михајлова, која издржа само четири месеци на позицијата в.д. претседател на Кривичниот суд и си поднесе оставка пред една недела. Михајлова, која го суди поранешниот премиер Никола Груевски по обвинението на СЈО за шамарите во Центар, беше назначена за в.д. претседател на почетокот на декември, откако му истече мандатот на претходниот претседател Владимир Панчевски.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира