ВЕЉАНОСКИ ВЕЌЕ НЕМА ПРАВО ДА СВИКУВА СЕДНИЦА, КАЖА АХМЕТИ ПО СРЕДБАТА СО ХОЈТ ЈИ

    ВЕЉАНОСКИ ВЕЌЕ НЕМА ПРАВО ДА СВИКУВА СЕДНИЦА, КАЖА АХМЕТИ ПО СРЕДБАТА СО ХОЈТ ЈИАхмети беше придружуван од Теута Арифи и Артан Груби на средбата со Хојт Ји и американскиот амбасадор Џес Бејли. (Фото: Фејсбук/ДУИ)

    Лидерот на ДУИ Али Ахмети кажа дека крајно време е сите да го прифатат изборот на Талат Џафери како нов претседател на Собранието, бидејќи тоа е новата реалност во земјата и му порача на пратеникот Трајко Вељаноски дека веќе нема ни морално, ни законско право да свикува нова седница по денешната средба со заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Евроазија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји.

    „Сите граѓани во Македонија видоа што се случи и затоа треба да се прифати новата реалност, изборот на новиот претседател на Собранието. Изборот на Талат Џафери е направен на легален и легитимен начин. Вељаноски веќе нема ни морално, ни законско право да повикува на нова седница, зашто во Собранието има формирано ново мнозинство“ рече Ахмети.

    Ахмети пренесе дека Хојт Ји бил јасен дека на Македонија ѝ е потребна стабилност и процесите да одвиваат на правилен начин . Тој кажа и дека ДУИ е решена да продолжи со процесот на конституирање на новата влада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира