ВЕЉАНОСКИ ЗАБРАНИ ПРОЦЕДУРАЛНИ ЗАБЕЛЕШКИ, СОБРАНИЕТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОДБЛОКИРА

    ВЕЉАНОСКИ ЗАБРАНИ ПРОЦЕДУРАЛНИ ЗАБЕЛЕШКИ, СОБРАНИЕТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОДБЛОКИРАВељаноскипобара пауза до 15 часот поради координација за да се договорат пратениците да нема веќе процедурални забелешки и да се одблокира собраниската расправа (Фото: СДК.МК)

    Претседавачот на Собранието Трајко Вељаноски им забрани на пратениците да поставуваат процедурални забелешки Поради големиот број процедурални забелешки за време на конститутивната седница на новиот собраниски состав која почна уште на 30 декември минатата година.
    “Нема веќе пријавување за процедурално. Еве почнувам од пратеникот Зоран Илиески. Не ти давам процедурално“, рече Вељаноски.  
    Пратениците треба да расправаат за составот на Комисијата за избори и именувања, но расправата се сведе на реплики и контрареплики за процедурални забелешки.
    Претседавачот Вељаноски побара собраниските служби да изготват извештај која  партија колку пати побарала процедурални забелешки. Пратениците бурно реагираа на одлуката на Вељаноски, и тој  побара пауза до 15 часот поради координација за да се договорат пратениците да нема веќе процедурални забелешки за да се одблокира собраниската расправа.
    Пред да побара координација,  Вељаноски, даде 10 минутна пауза со цел партиите да се договорат да зборуваат за забелешките во процедурата. И  тоа барање пратениците не го прифатија.
    “Секогаш кога ние  ќе дојдеме на ред ти даваш пауза, му реплицираше пратеникот на СДСМ Стефан Богоев  на Вељаноски за одлуката за пауза.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира