ВИЕНА ЧЕКА, СКОПЈЕ СЕ БОИ, ПРОТЕСТИ И КОНТРАПРОТЕСТИ НИЗ МАКЕДОНИЈА

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:347:"ВчерапротестиимашеивоПрилеп,Струмица,Кочани,Куманово,Штип,Велес,Битола,КавадарцииОхрид,аГДОМзаденескапопладненајавуваголемпровладинпротестпредСобраниетонаМакедонија";s:9:"td_source";s:59:"Скопје,Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВИЕНА ЧЕКА, СКОПЈЕ СЕ БОИ, ПРОТЕСТИ И КОНТРАПРОТЕСТИ НИЗ МАКЕДОНИЈА

    Политичката криза во Македонија се заострува додека продолжува обоената пролет низ центарот на главниот град и серијата антивладини протести, но и контрапротести низ Македонија.

    Од синоќешниот протест пред Владата (фОТО:СДК.МК)

    Од синоќешниот протест пред Владата (фОТО:СДК.МК)

    Вчера СДСМ се закани дека нема да оди на преговорите што Европската унија ги закажа во Виена во петок. Лидерот Зоран Заев рече дека ќе учествува на преговорите само ако пред тоа се исполнат два услови: Претседателот Иванов да ја повлече одлуката за аболицијата и Собранието да се свика пак за да ја отповика одлуката за предвремени избори на 5 јуни, соопшти лидерот на СДСМ Зоран Заев на прес конференција.

    Денеска антивладиниот протест започнува во 18 часот пред седиштето на СЈО, а контрапротестот организиран од ГДОМ е закажан за 20 часот пред Собранието на Македонија.

    Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски соопшти дека нема уставна можност за повторно свикување на Собранието.

    Демонстрантите фрлаат боја од булеварот Илинден кон бараките на градската администрација (Фото:СДК.МК)

    Демонстрантите фрлаат боја од булеварот Илинден кон бараките на градската администрација (Фото:СДК.МК)

    Боењето на главниот град, или како што организаторите ја нарекуваат „Шарена револуција“, со фрлање боја врз спомениците од контроверзниот проект „Скопје 2014“ продолжи и вчера. Демонстрациите синоќа завршија со боење на бараката каде што е сместена градската администрација и Кабинетот на градоначалникот на Скопје Коце Трајановски. Пред тоа беа обоени споменикот на Прометеј и столбот на кој е истопорен Александар Велики, таканаречениот споменик „Воин на коњ“, на плоштадот Македонија и Порта Македонија. Споменикот на основачите на ВМРО спроти Собранието во Паркот на жената борец остана необоен. На него беше напишано „ВМРО не е еднакво на ДПМНЕ“.

    Во Струмица се протесрираше четврт ден (аматерска фотографија)

    Во Струмица се протестираше четврт ден (аматерска фотографија)

    аматерска фотографија

    Во Битола беше блокирана една од најпрометните раскрсници (аматерска фотографија)

    Вчера протести имаше и во Прилеп, Струмица, Кочани, Куманово, Штип, Велес, Битола, Кавадарци и Охрид. Во Битола беше блокирана една од најпрометните улици во градот.

    Од протестот во Охрид - (аматерска фотографија)

    Од протестот во Охрид – (аматерска фотографија)

    Протестот во Скопје го организираше граѓанската инцијатива „Протестирам“. Тие бараат итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

    Во исто време и во Охрид и во Битола имаше контрапротести на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) што ја поддржува владејачката ВМРО-ДПМНЕ и изборите на 5 јуни. Инциденти немаше. ГДОМ за денеска попладне најавува голем провладин протест пред Собранието.

    Фото:СДК.МК

    За вечерва пред Собранието се закажани протести на провладината ГДОМ. Од вчерашниот протест на антивладината Протестирам. – Фото:СДК.МК

    Поголема група граѓани вчера околу еден час  ја имаа окупирано фреквентната сообраќајница кај месноста Гроздот во Битола. Организаторите изјавија дека протестите за оставка на битолскиот градоначалник се протести и против системот во оваа држава, па најавија дека ќе ја засилат социјалната реторика. Со извиците „Фрлајте ги штиклите, ставајте патики и право на протести“, демонстрантките на вечерашните протести во Битола ги храбреа  сограѓанките на Широк сокак да им се придружат на протестите. По еден час мирно се разотидоа најавувајќи за денес масовни протести пред општина Битола.

    Откако падна првиот притвор за секретарот на општина Битола за случајот „Транспортер“ целото внимание на Битолчани е насочено кон кривичниот суд во Скопје. Таму денес за сослушани неколкумина поранешни директори од битолски училишта. Битолчани ги преплавија социјалните мрежи со коментари на оваа тема. Некои пишуваат за секретарот на општината Бончановски -„Слободан веќе не го заслужува ни своето име“, или за поранешната директорка на медицинското училиште – „Цеца пропеа и на суд“  – бидејќи наликува на популарната фолк пејачка од Србија. .

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари