ВЛАДАТА ЌЕ СЕ РЕКЛАМИРА САМО НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ И МРТВ

    ВЛАДАТА ЌЕ СЕ РЕКЛАМИРА САМО НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ И МРТВПремиерот Зоран Заев со вицепремиерот Бујар Османи на денешната прес-конференција на која што беше презентиран планот на Владата за реформите наречени „3-6-9“. (Фото: СДК.МК)

    Владата го објави „Планот 3-6-9“ за приоритетните реформи за влез во НАТО и во ЕУ. Во делот за медиумите, Владата планира да го стопира комерцијалното рекламирање, само ќе може да се рекламира на социјалните мрежи, ќе се зајакнува и професионализира јавниот радиодифузен сервис и ќе се отворат сите информации за јавноста кои се од јавен интерес.

    До локалните избори владата треба да ги реализираат првите реформи на краток рок, поддршка за Државната изборна комисија и зајакнување на внатрешната консолидација и зајакнување на капацитетите, ажурирање на Избирачкиот список, едукација.

    „Со овие краткорочни мерки сакаме да се острани условената препорака од ЕУ“, рече премиерот Зоран Заев на промоцијата на планот, на заедничката прес конференција со вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.

    За 6 и за 9 месеци, Владата планира да направи реформа во јавната администрација, судството, медиумите, безбедносните служби, Рамковниот договор и други  области за земјите членки на Унијата почнат да ја третираат Македонија како сериозна држава.

    „За девет месеци планираме да се реформите, односно до наредниот извештај за напредокот на државата, за да ги натераме земјите на ЕУ да ни дадат датум за почеток за преговори. Тука спаѓаат кохабитацијата со претседателот на државата, соработката со невладиниот сектор, реформа на сите клучни области како и вклучување на опозицијата во надзор и контрола на планот. Сакаме да направиме суштински реформи, а не да излеземе со половични решенија“, рече Заев.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира