ВМРО-ДПМНЕ ИМ СЕ ЗАКАНИ НА СУДИИТЕ ДА ВНИМАВААТ СО ПРИТВОРОТ НА КОЧАН

a:1:{s:9:"td_source";s:41:"Скопје,(САКАМДАЖАМ.МК)

    ВМРО-ДПМНЕ ИМ СЕ ЗАКАНИ НА СУДИИТЕ ДА ВНИМАВААТ СО ПРИТВОРОТ НА КОЧАН

    ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека иако не секогаш им се допаѓа уредувачката политика на „ТВ Нова“ во сопственост на „Трансмет“, предупредува дека евентуалниот притвор на Сеад Кочан, поранешен управител на „Трансмет“, ќе биде удар врз медиумските слободи.

    „ВМРО-ДПМНЕ ги предупредува судиите, независно дали се под притисок на СДСМ или, пак, од која било причина сакаат да го задоволат Зоран Заев и неговиот сценарист, дека треба да работат во согласност со законот и со Уставот и дека не смеат да се претворат во политичка алатка на СДСМ и на СЈО. Секое незаконско работење ќе подлежи на одговорност и секој во оваа држава треба да е еднаков пред законите, вклучително и судиите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Апелациониот суд денеска треба да донесе одлука по жалбата на одбраната на Кочан против 30-дневниот притвор што му го одреди Кривичниот суд за случајот „Труст“ на СЈО.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира