ВО ДИК ДОСЕГА СЕ ПРИЈАВИЛЕ 595 ОД СПОРНИТЕ 39.502 ГЛАСАЧИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВО ДИК ДОСЕГА СЕ ПРИЈАВИЛЕ 595 ОД СПОРНИТЕ 39.502 ГЛАСАЧИ

    Државната изборна комисија соопшти дека заклучно со денеска до 13:00 часот се пријавиле вкупно 595 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список. На списокот се 39.502 спорни гласачи, кои до 19 август треба сами да се пријават за да се регистрираат за гласање.
    „142 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 453 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на ДИК“, соопшти Државна изборна комисија.
    Најмногу се пријавиле во општина Чаир – 91, потоа во Центар – 63, па во Кичево – 39. При пријавувањето, граѓаните мора да носат важечка лична карта или пасош, а може да се пријавуваат и преку Интернет со посебната апликација „Провери и пријави се“ поставена на веб страницата на ДИК.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари