ВО НАТО И ЕУ САМО СО РЕФОРМИ И ДЕМОКРАТСКИ ВРЕДНОСТИ, ВЕЛИ БРИТАНСКИОТ МИНИСТЕР ДАНКАН ПО ПОСЕТАТА НА МАКЕДОНИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВО НАТО И ЕУ САМО СО РЕФОРМИ И ДЕМОКРАТСКИ ВРЕДНОСТИ, ВЕЛИ БРИТАНСКИОТ МИНИСТЕР ДАНКАН ПО ПОСЕТАТА НА МАКЕДОНИЈА

    Британскиот министер за Америка и Европа Ален Данкан порача дека неговата земја е пријател на Македонија и ја поддржува на патот кон НАТО и ЕУ на крајот од неговата дводневна посета на Скопје. Данкан, кој во Скопје се сретна со лидери на политички партии и претставници на граѓанското општество, вели дека патот кон зачленување во НАТО и ЕУ е возможен само со цврста посветеност на реформите и на демократските вредности.

    „За време на мојата дводневна посета на Македонија имав навистина добри разговори со политичките лидери, граѓанското општество и други. Ова е многу важен момент за тоа како ќе изгледа владата, но Велика Британија не се меша, туку ние само седнавме и разговаравме за тоа што е добро за земјата на долг рок. Но, тоа навистина ми помогна да ги сфатам и да ги ценам македонските аспирации и надежи за иднината и, исто така, да видам како може Велика Британија да придонесе за успехот на земјата. Затоа, навистина сакам сите во Македонија да знаат дека Велика Британија е пријател и силно го поддржуваме вашиот пат кон зачленување во НАТО и ЕУ и тој пат напред е возможен само со цврста посветеност на реформите и на демократските вредности кои нашите две земји ги делат“, кажа Данкан во видео, објавено на профилот на Твитер на британското Министерство за надворешни работи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира