ВО СЈО ДОЈДЕ И РАНГЕЛОВА, ОСОМНИЧЕНА ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ УПЛАТНИЦИ

    ВО СЈО ДОЈДЕ И РАНГЕЛОВА, ОСОМНИЧЕНА ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ УПЛАТНИЦИПратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова по распитот во Специјалното јавно обвинителство за случајот „Талир“. (Фото: СДК.МК)

    По експремиерот Емил Димитриев, денеска во СЈО влезе пратеничката и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова, која, за разлика од Димитриев, кажа зошто е осомничена во случајот „Талир”.

    „Осомничена сум за организирање група луѓе за пополнување уплатници во 2010 година. Јас не сум донирала средства во 2010 година во партијата. Значи, не сум осомничена за донирање, туку за организирање за пoполнување уплатници за партијата”, рече Рангелова.

    Таа додаде дека сакала исказ да даде, но од СЈО и било објаснето дека процедурата е поинаква, т.е. дека првин треба да побара увид во доказите против неа. Рече дека во 2010 година немала партиска функција, дека била само член на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар.

    Не одговори кој организирал луѓе за пополнување на уплатниците со донации, рече дека истрагата ќе си го открие тоа, ако имало такво нешто. Во случајот „Талир” за перење на пари од донации во ВМРО-ДПМНЕ осомничен е лидерот Никола Груевски и уште 10 членови и функционери во партијата.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира