ВРХОВНИОТ СУД ГИ ОДБИ СИТЕ 17 ПРИГОВОРИ ПРОТИВ РАСПОРЕДОТ НА РИБАРЕВ ВО КРИВИЧНИОТ СУД

    ВРХОВНИОТ СУД ГИ ОДБИ СИТЕ 17 ПРИГОВОРИ ПРОТИВ РАСПОРЕДОТ НА РИБАРЕВ ВО КРИВИЧНИОТ СУДНа денешната општа седница на Врховниот суд се одлучуваше и за 17-те приговори, поднесени од незадоволни судии од Основниот суд Скопје 1, кои беа преместени од своите работни места со новиот распоред на в.д. претедателот на Судот Стојанче Рибарев.

    Сите 17 приговори од незадоволните судии од Основниот суд Скопје 1, кои реагираа против новиот распоред на в.д. претседателот на Судот Стојанче Рибарев, Врховниот суд ги одби. Во соопштението, Врховниот суд не објаснува зошто сите приговори комплет се одбиени на денешната општа едница на највисокиот суд.

    Претходно на седницата беше одбиено барањето на СЈО за изземање на претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски од Кривичниот совет, кој треба одлучува за притворот на осомничениот бизнисмен Сеад Кочан во случајот на СЈО „Труст“. СЈО на 30 март поднесе барање за негово изземање, поради неговата поврзаност со „бомбите“ на опозицијата.

    Покрај одбиеното барање на СЈО и одбиените приговори на судиите од Кривичниот суд, врховните судии на денешната општа седница одлучуваа и за приговорот што го поднесе врховната судијка Лидија Неделкова, која поднесе приговор поради тоа што Вангеловски ја тргна од Кривичниот совет и со тоа од предметот за Кочан, кој по електронска распределба ѝ се падна на поранешната претседателка на највисокиот суд. Со мнозинство гласови на врховните судии, одбиен е приговорот на Неделкова.

    Неделкова беше тргната од Кривичниот совет оној момент кога се изјаснила дека надлежност за случајот на Кочан има само СЈО, а не и Јавното обвинителство на Марко Зврлевски, коешто на 27 март поднесе Барање за заштита на законитоста до Врховниот суд и поништување на одлуката на Основниот суд Скопје 1 за 30-дневен притвор за Кочан, кој е во бегство повеќе од еден месец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира