ЗА ТРИ МЕСЕЦИ ПОЧИНАЛЕ 55 БЕБИЊА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗА ТРИ МЕСЕЦИ ПОЧИНАЛЕ 55 БЕБИЊА

    Во четвртото тромесечие лани починале 55 доенчиња, објави денес Државниот завод за статистика. Според податоците за природно движење на населението во Македонија во истиот период, односно од октомври до декември 2015 година, починале 52 доенчиња. Во текот цела 2016 година починале 261 бебе.

    Според статистичките податоци, најмногу умрени доенчиња се регистрирани во третото тромесечие, кога починале 90 бебиња. Бројот на мртвородени деца пак во четвртото тромесечие лани е помал за еден од истиот период во 2015 година, односно лани од октомври до декември имало 53 мртвородедни.

    Високи бројки на умрени бебиња има и изминативе години, и покрај тоа што преку превентивните програми на Министерството за здравство се одвојуваа средства за да се заштити здравјето на бебињата и родилките. Невладиниот сектор повеќе години укажува дека највисока стапка на смртност кај доенчињата има во регионите каде недостасуваат матични гинеколози и каде нема гинеколошки установи.

    Според истражувањата на невладиниот сектор, дел од градовите немаат гинеколошки амбуланти, а во некои породилишта не се вршат породувања, оти нема гинеколози, во Ресен, Неготино, Валандово, Крива Паланка, Кратово, Крушево, Македонски Брод и Шуто Оризари.

    И Здружението на матични гинеколози постојано алармира дека се осипува кадарот, и дека цели градови ќе останат без матичен гинеколог, откако нивните постари колеги ќе заминат во пензија. Новоодобрените специјализации, според нив се недоволна мерка да се реши проблемот, бидејќи готови лекари ќе има по пет години.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира