ЗАЕВ ГИ ДОСТАВИЛ ГАРАНЦИИТЕ ДО ДУИ, АХМЕТИ СЕ ЖАЛИ НА МЕДИУМСКИ ПРИТИСОК

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"СКОПЈЕ,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗАЕВ ГИ ДОСТАВИЛ ГАРАНЦИИТЕ ДО ДУИ, АХМЕТИ СЕ ЖАЛИ НА МЕДИУМСКИ ПРИТИСОК

    СДСМ ги доставил до лидерот на ДУИ Али Ахмети сите потребни писмени гаранции што ги побара за да може да ги добијат нивните 10 пратенички потписи, потребни за лидерот на СДСМ Зоран Заев на претседателот на државата Ѓорге Иванов да му покаже дека има мнозинство за формирање влада, велат извори од двете партии.

    Од СДСМ изјавија дека на Ахмети сѐ му ставиле на хартија и стојат на располагање ако претставниците на ДУИ побараат дополнителни објаснувања за некои од писмените гаранции.

    За содржината на гаранциите ниту една од двете партии не сака да коментира.

    Се очекува деновиве централното претседателство на ДУИ да ги разгледа писмените гаранции, но лидерот на ДУИ сѐ уште одолговлекува со одлуката и се жали на медиумски притисок. Тој денеска се сретнал со амбасадорот на Франција во Македонија Кристијан Тимоние и му кажал дека „медиумите вршат ирационален притисок за да направат непостоечки теми што се пласираат во јавноста за наводните поделби во партијата со цел да се ослабне ДУИ“.

    „Претседателот на ДУИ се осврна на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ откривајќи ги нашите приоритети за заокружување на Охридскиот Договор, владеење на правото, добрососедски односи, економски развој и евроатланска интеграција. И покрај постојаниот медиумски притисок, ДУИ се рационално и фокусирани на заложбите пред граѓаните, а не служејќи како сервис на било која партија или службеници на другата партија“, соопштија од ДУИ  по средбата на Ахмети со францускиот амбасадор.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира