ЗАЕВ ГО ОБВИНИ ИВАНОВ ЗА ДРЖАВЕН УДАР И ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗАЕВ ГО ОБВИНИ ИВАНОВ ЗА ДРЖАВЕН УДАР И ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ

    Претседателот на СДСМ Зоран Заев го повика Ѓорѓе Иванов да ја почитува мнозинската волја на граѓаните што е преточена во 67 мандати и да ја повлече одлуката да не го дава мандатот и повика на смиреност.

    „Ѓорге Иванов изврши државен удар. Прави уставна криза со негирање на волјата на граѓаните и спречува мирна транзиција на власта“, изјави Заев.

    Тој го обвини Иванов дека „уште еднаш се стави во улога на заштитник и соучесник на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ“.

    „СДСМ и јас нема да дозволиме никој да си игра со иднината на државата за лични и криминални цели“ рече Заев и ги повика граѓаните да не подлегнуваат на никакви провокации.

    „Да останеме смирени на линија на демократските процеси кои водат кон формирање на реформска влада“, рече Заев и потсети дека „ова што се случува сега сме го виделе порано“.

    „Груевски тоне, но нема да дозволиме да ја потоне и нашата Македонија“, рече лидерот на СДСМ и го повика Иванов да ја повлече одлуката и да не ја негира волјата на мнозинството граѓани преточена во 67 мандати во Парламентот.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира