ЗАЕВ СО РАСКРВАВЕНА ГЛАВА ОТКАКО ДЕМОНСТРАНТИТЕ ВЛЕГОА ВО ПРЕС-ЦЕНТАРОТ

    ЗАЕВ СО РАСКРВАВЕНА ГЛАВА ОТКАКО ДЕМОНСТРАНТИТЕ ВЛЕГОА ВО ПРЕС-ЦЕНТАРОТЛидерот на СДСМ Зоран Заев опколен од неговото обезбедување и сопартијците во прес-центарот во Собранието. (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев е со раскрвавена глава откако демонстрантите од „За заедничка Македонија“ влегоа во прес-центарот каде што се пратениците од мнозинството и новинарите.

    Демонстранти има и во главната сала на Собранието по изборот на Талат Џафери од ДУИ за нов претседател во Собранието. Новинарите велат дека таму владее вистински хаос и бараат помош од полицијата.

    Меѓу демонстрантите има луѓе со црни маски. Во Собранието не се лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ Никола Груевски и Али Ахмети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира