ЗАЕВ РЕФЕРИРА ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО СОБРАНИЕ НА ЗАТВОРЕНА КОМИСИСКА СЕДНИЦА

    ЗАЕВ РЕФЕРИРА ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО СОБРАНИЕ НА ЗАТВОРЕНА КОМИСИСКА СЕДНИЦАСедницата е затворена за јавност на барање на Заев поради тоа што договорот иако усогласен, не е финализиран (Фото: СДК.МК)

    Членовите на собраниската Комисија за надворешни работи гласаа денешната седница на која се разгледува договорот за добрососедство со Бугарија да биде затворена за јавноста. Пред комисијата за детали од договорот реферираше премиерот Зоран Заев.

    Седницата е затворена за јавност на барање на Заев поради тоа што договорот иако усогласен, не е финализиран. Седницата е закажана откако вчера до Комисијата за надворешна политика беше упатено барање од Владата.

    На новинарите им беше дозволен пристап само на почетокот на седницата кога се гласаше за затварањето.

    Членовите на собраниската Комисија за надворешни работи гласаа денешната седница на која се разгледува договорот за добрососедство со Бугарија да биде затворена за јавноста (Фото: СДК.МК)

    Како што изјави после враќањето од посетата на Бугарија на 22 јуни, премиерот не сака да открива што содржи Договорот со Бугарија сѐ додека не се финализира текстот што би требало да се потпише. Но, Заев на седница на Парламентот на 22 јуни, расчисти неколку дилеми што се јавија во јавноста.

    „Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, ќе биде  потпишан на три јазици, македонски, бугарски и на англиски јазик. Со тоа што бугарскиот премиер Бојко Борисов ќе го стави својот потпис практично ќе значи признавање на македонскиот јазик. За отстранување на термини од учебниците ќе одлучуваат експерти, но се треба да се разјасни дури откако Договорот со Бугарија ќе биде потпишан“, рече Заев.

    Минатата недела, кога Заев го презентираше реформскиот план „3-6-9“ пред Комисијата за европски прашања, вети дека договорот со Бугарија, сепак, ќе им го достави на увид на пратениците. Реакцијата на премиерот дојде откако координаторот на првата од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, обвини дека Владата ја игнорира опозицијата за договорот со Бугарија, дека молчи за деталите од посетата на шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, на Атина, а не ја консултирал ниту за законот за јазиците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира