ЗАЕВ САКА ДА НИ ЈА УКРАДЕ ПОБЕДАТА, ВЕЛИ ВМРО-ДМНЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗАЕВ САКА ДА НИ ЈА УКРАДЕ ПОБЕДАТА, ВЕЛИ ВМРО-ДМНЕ

    „За тоа кој ќе ја составува владата не одлучува Зоран Заев, туку граѓаните на Република Македонија“, рече Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во партиското седиште, како реакција на изјавата на лидерот на СДСМ дека режимот на Никола Груевски не смее да формира влада.

    „Поразениот Зоран Заев сака да ја украде убедливата победа и тоа нема да го дозволиме“, рече Ѓорчев и додаде дека  победата на ВМРО-ДПМНЕ ја потврдија и меѓународните институции и ДИК. Ѓорчев рече дека народот нема да му дозволи на Заев да ја украде демократски изразената волја на граѓаните.

    „Имаме јасна победа во гласови во изборни едници и тоа потврдена и констатирана. Зоран Заев доби се што бараше. Доби услови кои никој во светот не ги добил и граѓаните одлучија да го поразат него и неговата политика. Тие одлучија да ја задржат унитарноста и уставниот поредок. За тоа кој ќе ја состава владата не одлучува Заев туку граѓаните. Народот гласаше“, рече Ѓорчев.

    Според него, лидерот на СДСМ на денешната прес-конференција се заканувал, кога апелираше до останатите партии да не коалицираат со Никола Груевски и да го слушнат гласот на народот.

    „Нека води сметка дека се заканува на 453.000 граѓани на Македонија. Тие се народот, а тој гласаше и нема намера да му дозволат на Заев и грст луѓе околу него, да ја украдат демократски изразената волја на граѓаните на Република Македонија. Заев и тие околу него треба да знаат дека си играат со трпението и гневот на трпелив човек. Доколку некој се обиде да го украде тоа, трпението ќе премине во гнев“, рече Ѓорчев и ја заврши прес конференцијата без да одговара на новинарски прашања.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира