ЗАЕВ УТРЕ НА ПРЕМИЕРСКА ВЕЧЕРА КАЈ МОГЕРИНИ

    ЗАЕВ УТРЕ НА ПРЕМИЕРСКА ВЕЧЕРА КАЈ МОГЕРИНИВисоката претставничка на ЕУ Федерика Могерини за време на посетата на Скопје на 2 март (Фото: Ѓ. Личовски)

    Мандатарот Зоран Заев ќе присуствува на неформална вечерa на премиерите на шесте држави од Западен Балкан што утре вечер ќе се одржи во Брисел, а ја организира Федерика Могерини, Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, јави државната агенција МИА.

    Од кабинетот на Могерини велат дека поканата до Заев е испратена во својство на „мандатар“ (prime minister designate), односно иако лидерот на СДСМ уште не е избран за премиер, во Брисел ќе биде претставен како премиер.

    На утрешната неформална вечера што ќе се одржи во Брисел, покрај Заев, ќе присуствуваат премиерите на Србија, Александар Вучиќ, на Црна Гора, Душко Марковиќ, Еди Рама на Албанија, Иса Мустафа на Косово и Дениз Звиздиќ на Босна и Херцеговина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира