ЗАГАДЕНА ВОДАТА ВО НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК ПЕЛИСТЕР

a:3:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:11:"td_subtitle";s:241:"Планинскитеизворисезагаденизаштовонајстариотнационаленпарквоземјаваиподесетгодининеедограденколекторскиотсистем";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗАГАДЕНА ВОДАТА ВО НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК ПЕЛИСТЕР

    Водата во националниот парк Пелистер е загадена за пиење. На чешмите на Голема Ливада, Бегова чешма , Кај печурката и на други локации низ паркот се истакнати натписи дека водата е забранета за пиење.

    Според извештајот на Центарот за јавно здравје на Пелистер биле земени 22 мостри од планинските води и анализите покажале во 9 проценти хемиска неисправност, а во 77 проценти бактериолошка неисправност.

    „Состојбата во националниот парк ќе се подобри доколку се изградат санитарни јазли  со септички јами  и доколку каптажите на чешмите  се изградат според санитарно -техничките норми“, пишува во извештајот.

    туристи со вода во рацете

    За разлика од порано кога туристите со сласт пиеја вода од планинските извори, летово шетаат со пластични шишиња по планинарските патеки (Фото: СДК.МК)

    Планинските извори се загадени зашто во најстариот национален парк во земјава и по десет години не е дограден колекторскиот систем. Изградбата започна во 2006 година кога беше поставена колекторска мрежа од 2,5 километри, а остана да се изгради и постави прочистителна станица и да се приклучат објектите на Пелистер кон мрежата. Но, по промената на власта проектот запре.

    „Во 2006 година за шест месеци беа завршени околу 30 проценти од потребните работи, но ниту метар до денес не е продолжен. Веројатно и она што беше направено пред десет години не вреди, а да не зборуваме за прочистителната станица која беше еден од нужните услови за да се прифатат подземните  води и да се прочистат“, рече Зоран  Шапуриќ, екс министер за животна средина на трибина во Битола.

    Минатата година градоначалникот на Битола, Владимир Талески, потпиша договор со министерот за животна средина Нурхан Изаири за изработка на техничка документација за доизградба на колекторот за локацијата Бегова Чешма за 200 метри. Тогаш заменик министерката за животна средина Соња Липиткова изјави дека за една година проектот ќе биде готов.  Но, до денес на терен нема никакви активности.

    Директорот на Националниот парк Амет Аџиу изјави „Да не се залажуваме, не наредната година, туку ќе поминат три-четири години кога ќе се направи колекторот“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари